Вардар се враќа дома - првпат годинава ќе игра на Градски!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар се враќа на „Градски“, каде што ќе го одигра мечот против Брера Струмица од 23. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Вардар првпат годинава ќе игра на „Градски“, а натпреварот против Брера е закажан на 14 март од 14.30 часот. Билетите за натпреварот се пуштени во продажба на „МкТикетс“ и чинат 200 денари.

Скопскиот гигант последниот натпревар на „Градски“ го играше на 9 ноември минатата година кога славеше со 3-1 против Тиквеш.

„Црвено-црните“ го почнуваат последниот круг од сезоната со 55 бодови на првата позиција, односно три поени повеќе од Шкендија.