Официјално: Реал Мадрид без Мбапе и шест други првотимци ќе го нападне Сити!
Тој сè уште се опоравува од повреда, а според францускиот весник Л’Екип постои можност Французинот да биде во комбинација за реваншот во Англија следната недела, доколку резултатот од првиот меч биде поволен. Покрај Мбапе, од списокот на Арбелоа отсуствуваат уште неколку важни играчи поради повреди – Давид Алаба, Едер Милитао, Алваро Карерас, Дани Себаљос, Џуд Белингем и Родриго. Од друга страна, во тимот се враќаат Едуардо Камавинга, Дин Хаусен и Франко Мастантуоно, кои го пропуштија претходниот натпревар против Селта (2-1). Камавинга имаше проблем со забите, додека другите двајца беа суспендирани.
Поради бројните отсуства, Арбелоа во составот повика и петмина младинци од академијата на клубот, меѓу кои се и Диего Агуадо и Хорхе Сестеро. Мечот на „Бернабеу“ ќе биде прв од двата дуела меѓу Реал и Манчестер Сити, а реваншот е закажан за следната недела во Англија.