Шоу на Дончиќ и Ривс за победа на Лејкерс! (ВИДЕО)

Лука Дончиќ и Остин Ривс го предводеа Лос Анџелес Лејкерс до победа над Минесота Тимбервулс од 120-106, двајцата имаа феноменални партии.

Победата беше обезбедена во третата четвртина која Лејкерс ја доби со 39-23, во останатиот дел од мечот беше релативно изедначено.

Лука Дончиќ запиша трипл-дабл, постигна 31 поени, имаше 11 скокови и 11 асистенции, рамо до рамо со него во оваа победа беше Остин Ривс кој реализираше исто така 31 поен, имаше осум асистенции и седум скокови. Кај Минесота немаше кошаркар кој посебно се истакна, Едвардс и Рандл постигнаа по 14 поени.

Резултати:

Филаделфија - Мемфис 139-129
Атланта - Далас 124-112
Бруклин - Детроит 100-138
Мајами - Вашингтон 150-129
Хјсутон - Торонто 113-99
Милвоки - Феникс 114-129
Сан Антонио - Бостон 125-116
Голден стејт - Чикаго 124-130
Портланд - Шарлот 101-103
Сакраменто - Индијана 114-109
ЛА Лејкерс - Минесота 120-106