Лапорта призна: Барселона одби 250 милиони евра за Јамал!

Во тек е кампањата за претседателските избори во Барселона, а Жоан Лапорта се бори за нов мандат и за време на промоцијата откри дека одбил голема понуда за најдобриот фудбалер на тимот, Ламин Јамал.

Лапорта кажа дека ПСЖ во 2024 година понудиле 250 милиони евра за услугите на шпанскиот репрезентативец, но Барселона одбила да го продаде.

„Тоа е една од одлуките на кои најмногу сум горд“, кажа Лапорта.

Јамал во меѓувреме го продолжи договорот до јуни 2030 година.