Манојлов му пресуди на Арсими и донесе голема радост за Работнички (ФОТО+ВИДЕО)

Поранешниот македонски шампион Работнички триумфира против Арсими со 1-0 во последниот натпревар од 22. коло во Првата лига.

Арсими се закани неколку пати од поголема далечина во првиот дел, но голманот Фабрис Ондоа беше на висина на задачата, по што „романтичарите“ се обиде да возврати, но безуспешно.

Работнички успеа да стигне до водство преку Никола Манојлов во 66. минута откако ја смести топката во мрежата на гостите. 

Гостинскиот тим во продолжение од средбата напаѓаше во обид да избегне пораз, меѓутоа не успеа да постигне погодок во мрежата на домаќините.

Екипата од Дебар Маало е на претпоследната позиција во лигата со 16 бодови, додека Арсими е на осмото место со 26 поени.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by PrvaMFL (@prvamfl)