Министерството за спорт отвори нов спортски центар во општина Петровец
Овој проект е реализиран во рамките на програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава. Со оваа инвестиција жители на Долно Коњари, особено младите, добија уреден спортски простор со терени за фудбал, ракомет и кошарка опремени со соодветни реквизити.
Министерот Ристовски истакна дека вложувањата во спортската инфраструктура се важна основа за развој на спортот во сите средини и за поголема достапност на спортот за младата популација.
„Овој простор треба да се чува и да биде место каде младите ќе спортуваат и ќе се учат на позитивни вредности што ги носи спортот. Тоа е простор наменет за сите граѓани и сите треба да се однесуваат одговорно кон ваквите објекти за тие да останат во функција и да бидат од корист за целата заедница“, рече Ристовски.
Министерството за спорт го реализира овој проект во соработка со локалната самоуправа на општина Петровец.



