Лапорта „распали“ по Реал Мадрид: 72 години ги контролираат судиите во Шпанија
Лапорта, кој се соочува со истрагата во случајот „Негреира“, вели дека Барселона е жртва на кампања која ја раководат од главниот град на Шпанија.
Шпанското обвинителство ја обвини Барселона за спортска корупција поради исплата на сума од седум до осум милиони евра во текот на 17 години на фирми поврзани со Хозе Марија Енрикез Негреира, односно поранешниот потпретседател на Техничкиот одбор на судии.
Лапорта во интервју за „Кадена Копе“ го префрли фокусот на ривалот од Мадрид.
„Зарем не ви изгледа срамно тоа што 72 години на чело на судискиот одбор беа членови на Реал Мадрид? Сите до еден. Не е тоа срамота? Станувало збор за судиско советување, а не за спортска корупција. Но, тие никогаш не добиваат такви прашања, престанете да си играте со мене“, кажа Лапорта.