МЗТ само со најмалку плус 15 против најдобриот тим може во плејофот во АБА2!

Екипата на МЗТ Скопје вечерва ќе го играа најважниот натпревар сезонава во АБА2 лигата и тоа на гости кај босанскиот претставник Широки во кој мора да победат за да останат во игра за продолжување на натпреварување.

Аеродромци не само што мора да триумфираат во последната пресметка од регуларниот дел, туку тоа треба да го направат со најмалку 15 поени разлика. Само така би ја „прескокнале“ Јахорина на табелата и би дошле до посакуваното осмо место. Тоа воошто нема да им биде лесно, биејќи играат против најдобриот тим досега во АБА2 и единствен со само еден пораз, кој исто така има своја математика. Широки брка победа за освојување на првото место, а со тоа и на предноста на домашен терен до крајот на доигрувањето.

„Свесни сме дека се наоѓаме пред голем императив да победиме на теренот на една од најдобрите екипи сезонава во АБА2, а згора на тоа триумфот да биде максимално убедлив. Секако дека нема однапред да се предадеме, туку ќе играме максимално борбено и фокусирано до последниот звук на сирената. Ќе дадеме се од себе да дојдеме до бодовите со потребната разлика за да се пласираме во плејофот, а дали ќе успееме во тоа ќе покажат 40-те минути од овој натпревар“, вели тренерот Васко Атанасов.

Средбата помеѓу Широки и МЗТ Скопје се игра во салата „Пецара“ во истоимениот град и ќе почне во терминот од 20 часот со директен пренос на МТВ-3 и на Арена спорт.