Родри пријавен в полиција поради неговото необично хоби
„Живеам со сопругата на горниот кат од зградата и последното нешто што го очекувате кога гледате телевизија е дрон да биде на еден метар од вашиот прозорец. Мојата сопруга е многу лута поради тоа. Една од предностите на живеењето на горниот кат е што другите луѓе не можат да ве гледаат и да го следат секој ваш потег, но таа приватност сега е нарушена од Родри и неговиот дрон“, рече еден од соседите на Родри.
Од него почна сè, а потоа поголемиот дел од соседството реагираше и го пријави играчот на Манчестер Сити. Полицијата веќе го контактираше Родри откако ја прими пријавата, а соседот одлучи да снима и фотографира сè за да презентира докази доколку е потребно.
Родри треба да се појави пред полицијата во наредните денови за да даде изјава и да објасни како го користел дронот.