ПСЖ подготви 85 милиони евра за двајца Срби: Рома и Ц. Звезда ќе ги наполнат касите!

Актуелниот европски шампион ПСЖ наводно планира ова лето да се засили со двајца Срби и да потроши дури 85 милиони евра, а од еден трансфер ќе профитира и српскиот гигант Црвена Звезда.

„Калчомеркато“ објави дека ПСЖ го сака Миле Свилар од Рома, а наводно за неговите услуги ќе плати 60 милиони евра.

Свилар оваа сезона настапи на 36 натпревари за Рома, при што прими 29 голови и имаше 15 „чисти мрежи“.

ПСЖ ќе тргне и по потписот на Василије Костов од Црвена Звезда за кого планира да потроши 25 милиони евра.

Костов воодушеви со неговиот талент, кој го покажа на 35 натпревари оваа сезона, на кои постигна 12 голови и седум асистенции.

Фото: Facebook/PSG