Абрамович ќе ја тужи В. Британија - не се откажува од 2,5 милијарди фунти!

Поранешниот сопственик на Челси, Роман Абрамович почнува правна битка против британската влада за околу 2,5 милијарди фунти од продажбата на премиерлигашот.

Со меѓународните санкции му беше замрзнат имотот по инвазијата на Русија во Украина во 2022 година, но рускиот бизнисмен не се откажува од парите, односно смета дека треба да ја задржи контролата врз начинот на кој парите ќе бидат доделени во хуманитарни цели.

Адвокатите на Абрамович посочија дека милијардерот сам предложил да ги донира парите уште пред да му бидат замрзнати средствата, додека британските министри го губат трпението.

Министерката Ивет Купер кажа дека државата е подготвена да преземе драстични мерки ако бившиот сопственик на Челси не ги следи нивните упатства.

„Овие пари ѝ беа ветени на Украина пред повеќе од три години. Време е Абрамович да го направи вистинскиот потег, а доколку не се случи тоа, тогаш ние ќе интервенираме“, кажа Купер.