Алушовски: Барселона го игра најдобриот ракомет во Европа

Ракометарите на Пелистер ги чека гостување кај Барселона во Лигата на шампионите, дуел кој за битолскиот состав ќе биде последен во ракометната елита бидејќи од претходно ги загубија шансите за место во плеј=офот.

Според предводникот на Пелистер, Стевче Алушовски, Барселона е веројатно тимот кој игра најдобар ракомет во Европа, а дуелот како што вели може да послужи за подобрување на атмосферата пред клучен дел од сезоната во домашното првенство.

„Барселона го игра можеби најдобриот ракомет во Европа, имаат многу интернационалци, како искусни, така и млади шпански репрезентативец. Екипата има систем кој го негува долго време, ова е дуел во кој и немаме што да загубиме, можеме само да добие. Најмногу да останеме во натпреварувачки ритам затоа што в недела ќе го играме дербито на сезоната. За натпреварот се подготвуѕваме како и за секој друг, анализираме кои ни се слаби страни и што можеме да подобриме за одговориме на играта на Барселона.

Но, пред дуелот Алушовски се соочува и со проблеми.

„Филип Кузмановски не е во тренажен процес, но се подготвуваме максимално. Очекувам еден натпревар за уживање, можеби нема да биде сличен како во Битола, меѓутоа, ако имаме шанса ќе се обидеме да изненадиме“, порача Алушовски.

Натпреварот помеѓу Барселона и Пелистер е закажан за в среда од 20:45 часот.