Голман најлошо поминал во хаосот во Бразил - заработил тешки повреди! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)

Финалето на регионалното првенство Минеиро меѓу бразилските гиганти Крузеиро и Атлетико Минеиро (1-0) ќе остане запаметено по големиот скандал и масовната тепачка на теренот по која беа покажани дури 23 црвени картони, а најлошо во хаосот помина голманот на Атлетико, Еверсон. 

Крузеиро со минимални 1-0 го освои локалното првенство Минеиро, но финалето целосно остана во сенка на незапаметената тепачка која избувна на самиот крај од натпреварот.

Инцидентот заврши со дури 23 црвени картони, што претставува нов негативен рекорд во бразилскиот фудбал. Во хаосот што настана тешко беше да се види кој кого удира.

На социјалните мрежи се појави вознемирувачка фотографија на крвавиот и повреден Еверсон, кој долго ќе го памети овој натпревар. Тој добил и повреди на лицето кои сигурно ќе го потсетуваат на овие неверојатни сцени.

Вакви последици можеби се премногу дури и за боречки спортови, а камоли за фудбал, каде што не би требало да има место за насилство. 

Со 23 црвени картони беше урнат и рекорд стар повеќе од 70 години. Досегашниот рекорд во Бразил датираше од 1954 година, кога на натпреварот меѓу Португеза и Ботафого беа покажани 22 црвени картони.