Арбелоа не може глава да крене, за против Сити отпадна уште еден првотимец!
Иако во Мадрид се надеваа дека Карерас ќе се опорави од полесната повреда пред дуелот со Сити, тој сè уште не е подготвен и нема да биде во комбинација за средбата в среда.
Ова претставува голем проблем за тренерот Алваро Арбелоа, особено ако се знае дека „кралскиот клуб“ е сериозно ослабен со повреди. Од претходно надвор од тимот се Килијан Мбапе, Џуд Белингем, Едер Милитао и Дани Себаљос, а неодамна се повредија и Давид Алаба, како и Родриго за кого сезоната е завршена.
Се очекува местото покрај левата аут-линија да го заземе штотуку опоравениот Ферлан Менди, кој со месеци беше надвор од терените поради повреда.
Поради хронични проблеми, Менди оваа сезона има одиграно само четири натпревари во сите натпреварувања и дури во петокот во Виго за првпат по долго време одигра цели 90 минути.
Првиот натпревар в среда се игра во терминот од 21:00 часот, потоа „кралевите“ ги чека гостување во Елче, па реваншот во Англија со „граѓаните“.