Фудбалерките на Иран побараа азил во Австралија, па беа нападнати од исламисти!

Една од темите во последниот период во спортските медиуми е и ситуацијата со иранските фудбалерки кои настапуваат во Австралија на на Азиското првенство за жени.

Бурни реакции предизвика нивното молчење додека се интонираше иранската химна во првиот натпревар, а поради тоа нивната земја ги осуди и ги нарече предавнички. Во Иран дури се повикуваше дека треба најстрого да бидат казнети, односно со смртна казна. 

Поради тоа, меѓународните организации надлежни за правата на спортистите почнаа иницијатива за иранските фудбалерки да добијат азил. Но, ваквите намери често се полесни за изговарање отколку за реализирање, па уште на почетокот се појавил голем проблем.

„Реалноста во овој момент е дека не можеме да стапиме во контакт со фудбалерките. Тоа е исклучително загрижувачко“, изјави Бо Буш, претседателка на организацијата за заштита на правата на фудбалерките во регионот на Австралија и Океанија.

Сепак, според подоцнежните информации од австралиските медиуми, иранските репрезентативки биле успешно контактирани и е потврдено дека и тие бараат азил.

Ситуацијата дополнително се заострила кога во хотел во градот Голд Кост, каде што престојувале фудбалерките, се појавила група исламски екстремисти кои ги барале. Во тој момент пет фудбалерки избегале од хотелот, а екстремистите тргнале по нив. За среќа, полицијата реагирала побрзо и на крајот им обезбедила заштита.

„Ова не е нова ситуација. Всушност трае уште од моментот кога репресијата значително се засили во јануари и февруари. Затоа сме навистина загрижени за фудбалерките, но наша одговорност е да направиме сè што можеме за да обезбедиме тие да бидат безбедни“, порача Буш.

Фото: EPA