Вардар пред голем предизвик во Кратово, Шкендија апсолутен фаворит против Брера!
Лидерот Вардар го очекува незгодно гостување во Кратово кај Силекс и нема простор за грешка доколку сака да ја задржи водечката позиција. Скопските „црвено-црни“ имаат само еден бод повеќе од најблискиот конкурент Шкендија, па евентуална победа би им гарантирала дека ќе го задржат првото место и дека во последното коло од третиот круг ќе ја пречекаат токму Шкендија на свој терен.
Тетовскиот состав, пак, има значително полесна задача. Шкендија на домашен терен ја пречекува Брера и влегува како изразит фаворит за освојување на трите бода. Сепак, за да се искачи на лидерската позиција по вториот круг, тимот од Тетово ќе мора да се надева и на кикс на Вардар во Кратово.
Двата натпревари се закажани за ист термин и започнуваат во 14 часот.