Чави отвори војна во Барселона: Меси сакаше да се врати, Лапорта не дозволи!
Чави отворено му даде поддршка на протвикандидатот на Лапорта, Виктор Фонт, но за многумина, неговиот ангажман во моментов може само да ја дестабилизира екипата во исклучително важен дел од сезоната. Меси е слаба точка на сите навивачи на Барса и неговото спомнување предизвикуваа емоции за што се свесни и Чави и Фонт.
„Лео веќе потпиша договор во јануари 2023 година, откако го освои Светското првенство. Претседателот почна преговори со неговиот татко, имавме зелено светло од Ла Лига, но потоа Лапорта уништи се. Директно ми рече дека ако меси се врати, ќе почне војна против него (против Лапорта н.з.) и дека тоа не може да го дозволи. Умирав од желба Меси да дојде, но потоа престана да ми се јавува. Тој мислеше дека и јас сум вмешан во работата на Лапорта и тоа влијаеше на нашиот однос“, откри Чави кој во долгото интервју додаде и други работи против Лапорта, пред се начинот на кој бил избркан од клубот.
Лапорта воопшто не губеше време и му врати на Чави на идентичен начин - со навреди и лични и стручни дискредитации.
„Кога ќе ги слушнам овие изјави на Чави, помислувам на Флик. Со него видов дека ќе губиме, а Флик со истите играчи освои три трофеи во една сезона и стигна дон полуфинале од Лигата на шампионите“, рече Лапорта.