Ѓоковиќ не може да тренира од Сабаленка - го следи на секој чекор (ВИДЕО)

Ново смешно видео во кое главните улоги ги играат Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка, се шири на социјалните мрежи.

Во него, рекордерот по бројот на освоени Гренд слем трофеи се обидува да тренира во Индијан Велс, но неговиот тренинг е прекинат од белоруската тенисерка. Сабаленка излегува на теренот и оди по мрежата со заводлив од. Наместо да сервира, Ѓоковиќ нежно ја испушта топката до Арина, која ја запира со ногата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Tennis TV (@tennistv)

Пред неколку дена, камерите во Индијан Велс забележаа уште еден куриозен момент меѓу нив двајца. Арина се пофали со својата добра пријателка за вереничкиот прстен што неодамна го добила од нејзиното момче.

„Честитки! Уау!“ извика Новак додека го гледаше прекрасниот накит на нејзината рака, а потоа ја прегрна срдечно.