Вардар пред голем предизвик во Кратово, Шкендија апсолутен фаворит против Брера!

Денеска дефинитивно ќе се реши енигмата окол тоа која екипа ќе го заврши вториот круг од Првата лига на лидерската позиција, што носи значајна предност – домашен терен во последното коло од третата фаза против директниот ривал за титулата.

Лидерот Вардар го очекува незгодно гостување во Кратово кај Силекс и нема простор за грешка доколку сака да ја задржи водечката позиција. Скопските „црвено-црни“ имаат само еден бод повеќе од најблискиот конкурент Шкендија, па евентуална победа би им гарантирала дека ќе го задржат првото место и дека во последното коло од третиот круг ќе ја пречекаат токму Шкендија на свој терен.

Тетовскиот состав, пак, има значително полесна задача. Шкендија на домашен терен ја пречекува Брера и влегува како изразит фаворит за освојување на трите бода. Сепак, за да се искачи на лидерската позиција по вториот круг, тимот од Тетово ќе мора да се надева и на кикс на Вардар во Кратово.

Двата натпревари се закажани за ист термин и започнуваат во 14 часот.