Елмас го скрши мразот - го постигна првиот гол сезонава (ВИДЕО)
Нашиот фудбалер погоди за 2-0 во 68. минута и тоа против Торино, тимот чиј дрес го носеше минатата сезона, пред да се пресели во Наполи. Ова беше и негов прв гол за Наполи од ноември 2023 година бидејќи два месеца подоцна замина во Лајпциг.
Задачите на Елмас оваа сезона не се толку офанзивни, па на тоа се должи неговиот пост во дресот на Наполи.