Бејл одбил повеќе пари од премиерлигаш само за да потпише со Реал Мадрид!

Поранешниот репрезентативец на Велс и ѕвезда на Реал Мадрид, Герет Бејл во интервју откри дека имал примамлива понуда од Манчестер јунајтед додека го носел дресот на Тотнем.

Бејл играше за Тотнем до 2013 година, по што потпиша за шпанскиот гигант, но призна дека во тој период имал богата понуда од „Олд Трафорд“

„Преговарав со Манчестер јунајтед, тие ми понудија повеќе пари од Реал Мадрид. Сепак, моето срце беше во Мадрид“, кажа Бејл.