Комити истакнаа парола против играњето во работни денови! (ФОТО)

Денешното големо фудбалско дерби помеѓу Вардар и Шкендија се игра пред полупразни трибини на стадионот „Петар Милошевски“ во Скопје, за што главна причина е непопуларниот термин односно играњето рано попладне во работен ден.

Поради ваквата се почеста појава во македонскиот фудбал, глас кренаа „Комити“, најверните навивачи на црвено-црните, кои истакнаа транспарент преку кој го искажаа своето мислење.

„Фудбалот беден, на натпревари во работен ден сведен“.