Манчестер јунајтед избра која позиција ќе ја засили идното лето!

Англискиот гигант Манчестер јунајтед игра многу подобро по доаѓањето на Мајкл Керик на тренерското столче, а раководството на тимот веќе прави планови за идното лето.

По неколку скапи засилувања, „црвените ѓаволи“ планираат да „освежат“ уште една позиција, односно сакаат да купат ново лево крило.

„Мислам дека Матеус Куња може да игра на таа позиција. Амад исто така, но постои голема шанса да купиме уште едно лево крило“, потврди Керик во разговор со новинарите.