Проблеми во Мадрид: Арбелоа почнал да губи контрола во соблекувалната

Шпанскиот гигант Реал Мадрид наскоро би можел повторно да го промени тренерот, откако претходно го отпушти Чаби Алонсо, а идентична судбина би можел да доживее и Алваро Арбелоа.

Иако Арбелоа донесе подобри резултати за „кралевите“ и ја врати самодовербата кај фудбалерите, сепак „Атлетик“ пишува дека во изминатиот период повторно почнале проблемите.

Арбелоа наводно не е повеќе популарен кај дел од фудбалерите и почнал да ја губи довербата, па полека му се „подготвува“ отказ на крајот на сезоната.