Видал без влакна на јазикот: ВАР беше воведен за Реал да не може да краде!

Легендарниот Чилеанец и поранешен фудбалер на Јувентус, Баерн Минхен, Барселона и Интер Милано, без задршка зборуваше за Реал Мадрид

Познат по ривалството со шпанскиот гигант, Артуро Видал во подкастот „Енфакадос“ откри дека некогаш се чувствувал украден по натпреварите против тимот од Мадрид.

„Да, се чувствував украде од Реал Мадрид. Во две натпревари од Лигата на шампиони со Баерн, во четвртфиналето и полуфиналето, кога нѐ елиминираа“, изјави Видал.

Искусниот фудбалер, кој денес настапува за чилеанскиот Коло-Коло, отиде и чекор подалеку, ставајќи под знак прашалник ја регуларноста на фудбалот пред воведувањето на технологијата.

„ВАР е воведен поради Реал Мадрид. Пред него едноставно имаше премногу кражби. Токму затоа беше измислен, за повеќе да не крадат“, порача Видал.