Ракометарките сакаат победа над Белгија, борбеноста ќе биде клучна!

Македонската женска ракометна репрезентација вечерва го игра првиот дуел од двомечот против Белгија во кој ќе се обидеме да дојдеме до првата победа во квалификациите за Европското првенство.

Вечерашниот натпревар го играме на гостински терен, а една од нашите најдобри ракометарки, Ива Младеновска смета дека клучна може да биде борбеноста.

„Клучот за денешниот натпревар според мене ќе биде борбеноста, мораме многу да се бориме, ова е важен натпревар за нас, како овој, така и вториот натпревар во Куманово. Важно е да дадеме се од себе, сигурна сум во тоа, мораме да имаме и добра одбрана за да одиме на победа“.

Дека во репрезентацијата атмосферата е позитивна потврди и Андреа Седлоска.

„Атмосферата е позитивна и со нетрпение го чекаме натпреварот.

Борјана Коцевска освен што ги повика навивачите да навиваат пред малите екрани, потсети и дека за три дена ќе играме дома против Белгија во Куманово.

„Се надеваме успех и ве покануваме вечерва пред малите екрани да ја дадете вашата подршка, но и на следниот натпревар во Куманово да бидете наш осми играч“.

Натпреварот вечерва се игра во терминот од 20:10 часот, Белгија како и ние запиша два порази во првите две средби со Словенија и Германија.