Спалети може да биде мирен - еден од најголемите борци на Јувентус го продолжи договорот!

Eкипата на Јувентус потврди дека го продолжила договорот со еден од своите најважни фудбалери во овој момент, Вестон Мекени.

Мекени ја продолжи соработката со „старата дама“ до 2030 година, а ваквата одлука на италијанскиот гигант е и очекувана бидејќи Американецот е еден од најдобрите на теренот во речиси секој натпревар на тимот предводен од Спалети.

„Играч како никој друг, спосебен да ја преземе било која позиција на теренот, тоа го покажа во последните месеци во кои почнуваше како централен играч за врска, но беше во состојба да одигра многу добро и како напаѓач, офанзивен фудбалер за врска, крило, бек, па дури и дефанзивец. Мекени беше моќно оружје и на десно и на лево крило за Спалети, ги освои срцата на навивачите“, порачаа до Јувентус.

Во Јувентус, Мекени дојде во 2020 година од Шалке и досега вкупно за Јувентус собра 219 натпревари во кои постигна 26 голови.