Ашковски успешно евакуиран од Иран!
Од Министерството за надворешни работи информираа дека Ашковски преку Турција бил успешно евакуиран од Иран. Во моментов не се знае дали фудбалерот е во Турција или е веќе вратен во Македонија.
Ашковски е член на иранскиот клуб Мес Рафсанјан за кој потпиша во јануари оваа година.
34-годишниот фудбалер има 40 настапи за македонската репрезентација.
Од МНР информираа дека околу 400 македонски државјани побарале помош за евакуација од Блискиот Исток.