Македонија против Азербејџан за продолжување на перфектната серија

Македонската кошаркарска репрезентација денеска ги продолжува претовалификацииа за Европското првенство во 2029 година, со гостувањето кај Азербејџан.

Со три победи во првиот круг, нашиот национален тим игра со селекцијата која во првото коло на домашен терен ја прегазивме со 38 поени разлика. Домаќинот сега е осоколен од триумфот против Ирска на гостински терен во петокот и се надева на нов триумф, но квалитетот и фаворитската улога се на страната на македонската репрезентација.

Нашиот национален тим ќе настапи со идентичен состав како пред три дена против Луксембург, па и не се очекува промена во пристапот. Од играчите, само Ваљмир Какруки се пожали на настинка, но секако ќе стисне заби и ќе дааде се од себе на вечерашниот натпревар.

Натпреварот во Баку се игра од 17 часот по средноевропско време. Македонија во него влегува како лидер на табелата со максимален ефект и евентуален триумф вечерва речиси сигурно ја носи во следната претквалификациска фаза, ако ништо друго, како најдобра второпласирана репрезентаија во овој циклус.