Еден од најдобрите тенисери „заробен“ во Дубаи по нападите од Иран (ВИДЕО)

Рускиот тенисер Данил Медведев е „заробен“ во Дубаи, откако Иран почна да гаѓа со ракети по нападите од Израел и САД во саботата.

Медведев ја доби титулата во Дубаи, по што сакаше да стигне навреме на турнирот во Индијан Велс, но постои голема веројатност дека нема тоа да се случи.

„Ситуацијата е необична. Воздушниот простор е затворен, никој не знае кога ќе полетаме. Не е јасно дали ќе трае долго или не, мора да видиме што ќе се случува во следните часови или денови“, кажа Медведев.

Фото: EPA