Конса не дозволи Леверкузен да загуби од Мајнц (ВИДЕО)
Првото полувреме не донесе погодоци, а резултатот беше отворен во 67-та минута кога Бекер донесе предност за гостинскиот состав. Изгледаше дека ќе видиме изненадување на „Бај Арена“, но сепак домаќинот успеа да се извлече.
Конса беше херојот кој постигна гол во 88. минута и ги постави конечните 1-1. Сепак, двата бода кои Леверкузен ги загуби во овој дуел можат да бидат и тоа како важни во битката за место во европските натпреварувања.
На останатите три средби, Борусија Менхегладбах со 1-0 го совлада Унион Берлин, Сент Паули исто така минимално славеше на гости кај Хофенхајм, додека Вердер дома се радуваше над Хајденхајм со 2-0.