Комо не се откажува од ЛШ, го реши Лече во едно полувреме (ВИДЕО)

Фудбалерите на Комо по три натпревари во кои без победа повторно ја креваат формата и денеска за втор триумф во низа го победија Лече со 3-1.

Натпреварот беше решен во првото полувреме кога се постигнаа сите погодоци. Гостите изненадувачки стигнаа до водство преку Кулибали по само 13 минути игра. Сепак, нивната радост не траеше долго бидејќи Доувикас пет минути подоцна израмни на 1-1.

Комо до крајот на првиот дел преку Родригез и Кемп ја обезбедија победата. Во претходното коло избраниците на Фабрегас славеа и над Јувентус кого сега го скокнаа на табелата. Комо е петти со 48 бода, Рома има 50 на четвртата, додека „старата дама“ е шеста со 46.

Утре токму Рома и Јувентус ќе играат меѓу себе во исклучително важен натпревар во борбата за ЛШ.