Барселона договори нов трансфер, но сè зависи од Ла Лига

Шпанскиот гигант Барселона реши да ја активира откупната клаузула која се наоѓаше во договорот на англискиот фудбалер Маркус Рашфорд.

Рашфорд игра на позајмица во Барселона, а управата на каталонскиот тим е задоволна од неговите настапи и сака да плати 30 милиони евра за трансферот, но сумата да биде исплатена на три рати.

Проблем, сепак, може да претставува одлуката на Ла Лига, односно раководството треба да одлучи дали Барселона го почитува финансискиот фер-плеј за да го одобри трансферот.

Фото: Facebook/BarcelonaFC