Болт во кариерата се плашел само од еден човек - самиот му признал!

Легендарниот Усаи Болт и денес официјално ја носи титулата најбрз човек на светот, но низ кариерата признал и дека стравувал само од еден човек, дури и во неговите најдобри денови.

Легендарниот сонародник на Болт, Асафа Пауел кој беше светски рекордер на 100 метри пред да блесне Болт и да почне да доминира во интервју за „Гардијан“ откри дека Болт самиот му признал дека за него мислел дека е единствениот кој може да го победи. 

„Мислам дека сум единствената личност на светот која навистина го плашела. Тоа секогаш ми го кажуваше со години. Знам да ја извлечам вистината од него кога ќе испие по некоја чашка. Малку ќе се опуштеше и ќе кажеше: ‘Асафа, ти си единствениот човек на светот за кој мислам дека може да ме победи’“, раскажа Пауел.

Тој додаде дека Болт првпат му го кажал тоа во 2008 година, непосредно пред Олимписките игри.

„Тукушто имаше истрчано 9,72. Ми рече: ‘Ти си единствениот човек на светот за кој мислам дека може да ме победи.’ Во себе си помислив: ‘Го знам тоа’, но навистина многу го почитувам, а и тој мене. Тоа што ми пријде и призна дека сум го мотивирал да почне да се натпреварува на 100 метри и дека исклучително ме цени и постојано ми го повторува за мене значи многу“, изјави Пауел.

Пред Болт да го урне неговиот рекорд и да истрча 9.72 во 2007 година, Пауел беше рекордер со 9.74. Ќе потсетиме, подоцна Болт на Олимписките игри во Пекинг 100 метри истрча за 9.58 секунди, рекорд кој и денес е актуелен.

Фото: ЕPA