Хезоња во војна со навивачите на Реал: Не сме тука да ги слушаме тие ср*ња
Мадридскиот тим забележа победа над Минхен во Евролигата, но тоа сепак не ги спаси од свирежи што им ги упатија навивачите. Иако тие беа претежно насочени кон тренерот Серџо Скариоло, од некоја причина тие најсилно го погодија Марио Хезоња, кој им возврати по натпреварот.
„Не сме тука да ги слушаме овие ср*ња. Мислам дека сите мора да бидат со тимот. Ако не се чувствувате така, не доаѓајте на натпреварот, тоа е сè“, им рече хрватскиот кошаркар на лутите навивачи во микрофонот на Кадена СЕР.
Тој призна дека чувствувал многу гнев и фрустрација поради поразот во финалето на Купот против Басконија.
„Бевме навистина вознемирени, но како и сите професионалци, мора да се собереме и да продолжиме понатаму. Многу сум горд на тоа како играа моите соиграчи, мораше да победиме и да останеме во горната половина од табелата. Беше тешко и по Суперкупот. Беше многу фрустрирачки за мене, полн сум со гнев, благо речено. Но, најважно е како продолжуваш потоа“, додаде Хрватот.