Брера ги казни промашувањата на Башкими и ги освои бодовите во Куманово (ВИДЕО)
Првото полувреме не донесе многу шанси, најчесто се играше на средината на теренот, но сепак видовме погодок и тоа во финишот.
Херој за гостите беше Зоран Ивановски кој на вистински начин искористи една долга топка и успеа да го матира Јашар на голот на Башкими во 44. минута од средбата.
Во вториот дел домаќините ја преземаа инитицијативата, создадоа и неколку прилики, а кога не ги искористија во последните моменти Брера постигна и втор гол преку Величковски.