КЛ: Самсунспор налета на уште еден ривал со кој Шкендија играше!

По Лигата на шампионите и Лигата на Европа во Нион на ред дојде и ждрепката за Конференциската лига.

Во осминафиналето тука ќе игра тимот кој во плеј-офото ја елиминираше Шкендија, а ждрепката сакаше да се соочи со Рајо Ваљекано, тим против кој тетовци исто така се соочија во првата фаза.

Од останатите парови, премиерлигашот Кристал палас оди на битка со АЕК Ларнака, Шахтјор ќе се судиор со Лех Познњан, а полски противник доби и Фиорентина и тоа Раков.

Првите натпревари на програмата се на 12 март, додека реваншите се закажани за 19-ти истиот месец.

Лех Позњан - Шахтјор

Кристал Палас – АЕК Ларнака

Самсунспор – Рајо Ваљекано

Сигма - Мајнц

АЗ Алкмар – Спарта Прага

Фиорентина - Раков

Целје – АЕК Атина

Ријека – Стразбур