Од соиграч на Меси во Барселона до продавач поради депресија и судски спор
Французинот сега за првпат јавно откри како се случило да дојде до таква ситуација и како што вели депресијата и судски спор се причината.
Првпат за новата работа на Матје се дозна минатата година кога случаен купувач го препозна и објави фотографија која брзо стана вирална, но досега не беше позната причината за неговата денешна ситуација.
„Не правев ништо подолго време, а во еден разговор мој пријател ми кажа дека има отворена позиција и така почна работата. Не би можел премногу да откривам, ниту сакам. Но, ако работам нешто вакво значи дека има работа која ми создава многу проблеми. Можам да кажам само дека во прашање е судски спор“, откри Матје за „беИН Спортс“.
Во кариерата, Матје покај Барселона за која играше од 2014 до 2017 година беше дел уште од Сошо, Тулуз, Валенсиај и Спортинг. Кариерата ја заврши во 2020 година, а запиша и пет настапи за француската репрезентација.