Сензација на векот: Доминикана како гостин ја совлада селекцијата на САД – во кошарка (ВИДЕО)
Доминиканците славеа на гостински терен, во натпревар одигран во Сан Диего, во сала во која вообичаено се играат мечеви од развојната Џи лига. Резултатот одекна како вистински шок, особено ако се знае дека обложувалниците им даваа минимални шанси на гостите – квотата за победа на САД изнесуваше само 1,02, додека за Доминиканската Република беше дури 10. Американската репрезентација настапи со неколку кошаркари со НБА искуство, меѓу кои Брендон Најт, кој беше најефикасен со 20 поени, три скока и три асистенции, како и Елфрид Пејтон (9 поени, 6 асистенции) и Џејмс Вајсман (9 поени, 6 асистенции), но ниту еден од нив не успеа да го спречи поразот. На спротивната страна блеснаа Хасел Перез со 20 поени, 10 скока и четири асистенции, како и Андерсон Мехија, кој додаде 14 поени и седум скока.
Колку доминантно одигра Доминиканската Република најдобро покажува податокот дека средината на третата четвртина ја дочека со предност од дури 19 поени (67:48). Американците во завршницата успеаја само да ја намалат разликата и да избегнат уште поголема брука.
Овој пораз нема да влијае врз пласманот на САД во следната квалификациска фаза, со оглед што три од четири селекции од групата одат понатаму.