Сцена каква што не се памети: Српски тенисер доби меч-топка без борба! (ВИДЕО)

Четвртфиналето на АТП 500 турнирот во Акапулко донесе една необична ситуација која одеше во корист на српскиот тенисер, Миомир Кецмановиќ кој славеше против Теренс Атман од Франција.

Кецмановиќ сигурно славеше со 6-3 и 6-3 во борбата за пласман во полуфиналето на силниот турнир од серијата 500, но последниот поен предизвика вистински шок кај публиката.

Мечот беше завршен со казнен поен, нешто што ретко, ако воопшто и некогаш, било забележано на ова ниво. При меч топка за Кецмановиќ, судијата му го одзема сервисот на францускиот тенисер бидејќи му истече дозволеното време помеѓу поените.

Французинот не беше подготвен навреме да го прими сервисот, па судијата го казни. Со оглед на тоа што стануваше збор за меч топка, токму на тој начин и заврши мечот што во прв момент предизвика збунетост кај гледачите.

Инаку, според правилата, тенисерот има најмногу 25 секунди меѓу поените за да го започне следниот, освен кога станува збор за промена на страни или пауза меѓу сетови.