Башкими и Брера во Куманово ќе ја отвора новата рунда од Првата лига!

Со натпреварот во Куманово од 14 часот денеска стартува 20. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое ќе се игра во текот на целиот викенд и ќе заврши во понеделник.

Првиот дуел има големо значење за двата тима. Башкими, иако моментално е на шестото место на табелата, има само три бода предност во однос на Брера. Струмичани се наоѓаат на осмата позиција и се во директна борба за опстанок, односно за избегнување на бараж-натпреварите, па бодовите од овој меч се од исклучителна важност и за едните и за другите.

Централниот меч на 20. коло ќе се игра утре во Струга, каде што домашната Струга ќе го пречека лидерот Вардар (14 часот), во дерби кое би можело значително да влијае врз понатамошниот тек на шампионатот.

ПРВА ЛИГА – 20 КОЛО

петок 27.02.

БАШКИМИ – БРЕРА 14 часот

сабота 28.02.

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 12 часот

СТРУГА Т.Л. – ВАРДАР 14 часот

недела 01.03

ТИКВЕШ – СИЛЕКС 14 часот

АРСИМИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 14 часот

понеделник 02.03

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 14 часот