Тренерот на Басконија збесна: Сакам да ги убијам!
Никој не можеше да замисли дека Басконија ќе претрпи таква катастрофа, особено затоа што го растури Реал во финалето од Купот. Сепак, играчите на Паоло Галбиати одиграа натпревар за заборав. Младиот стратег беше толку незадоволен од настапот на своите играчи што по натпреварот рече дека сака да ги убие.
„Сакам сега да одржам тренинг, но не можам... Сакам да ги убијам. Тажен сум што одигравме лош натпревар, под очекувањата. Тоа е дел од животот, мора да растеме, играчите мора да растат како мажи, како кошаркари, како професионалци, но тоа е дел од оваа работа. Честитки до Валенсија, одиграа одличен и сериозен натпревар, ние не бевме сериозни и нè здробија“, рече Италијанецот.
Сепак, неговиот револт е повеќе поради пристапот на кошаркарите, отколку поради лошиот резултат бидејќи Басконија ионака одамна е отпишана од борбата за пласман во разигрувањето од Евролигата.