Беќири ги одбра стартерите кои ќе се обидат да го изненадат Самсун! (ФОТО)

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири го одреди стартниот тим за денешниот реванш меч против Самсунспор кој се игра во Турција со почеток од 18:45 часот.

На голот е Гаје, во одбраната ќе играат централно Мелиќи и Фетаи, а странично Трумчи и Вебстер. Во средниот ред се Зејнулаи и Ислами, пред нив ќе биде Спахиу, а од страните Латифи и Тамба, најистурен во нападот е Нзенгуе.

Шкендија има негатива од 0-1 по натпреварот кој се одигра во Скопје, па денеска ѝ е неопходна победа за да мине во следното коло од Конференциската лига.