Чилаверт: Куртоа зборува за вредности и срам!? Па тој му ја украде девојката на Де Брујне!

Легендарниот парагвајски голман, Хозе Луис Чилаверт ја продолжи војната која се води за поддршка на Винисиус или Престијани, тој од почетокот е на страната на Аргентинецот.

Чилаверт повторно зборуваше на оваа тема, претходно на мета му беше Мбапе за кого рече:

„И погледнете кој прв скокна во одбрана на Винисиус… Мбапе! Од сите играчи, Мбапе! Тој зборува за вредности а живееше со трансвестит, тоа не е нормално. Секој прави што сака во животот, но не е нормално маж да живее со трансвестит“.

На оваа изјава на Чилаверт одговори Куртоа кој рече:

„Коментарите на Чилаверт се срамни. Нема простор за вакви изјави во денешно време, особено од поранешни колеги, ова е нова навреда“.

Но, легендарниот голман не застана тука, па му врати и на Куртоа.

„Куртоа зборува за срам? Па тој му ја украде девојката на соиграчот од репрезентацијата, Де Брујне! Тие цело време зборуваат за вредности, и после вакви работи се случуваат“.