Шок за Атлетико: Гризман си оди за десетина дена!
Тој тврди дека Гризман ги договорил сите услови со Орландо Сити и ќе се пресели во МЛС пред крајот на преодниот рок, односно на почетокот на март. Французинот ќе му биде на располагање на Диего Симеоне за дуелот со Барселона во реваншот од полуфиналето на Копа дел Реј идната недела на Камп Ноу, а потоа ќе се збогува со домашните навивачи на 7 март против Сосиедад.
Останува донекаде нејасно зошто Гризман одлучи да си замине сега, кога Атлетико е главен фаворит за трофејот во Купот на кралот и ќе се соочи со Тотнем или Ливерпул во осминафиналето на Лигата на шампионите во петок. Орландо му понудил на Гризман тригодишен договор и секако улога на прва ѕвезда, бидејќи практично нема особено познати играчи во тимот.
За да биде уште поубедливо, доверливиот новинар Карењо ја откри оваа вест во живо на програмата „Ел Ларгеро“. Гризман е легенда на клубот, иако замина во Барселона во 2019 година и се врати во 2021 година. Сепак, тој полни 35 години во март и јасно чувствува дека е време да замине во МЛС.