Американец од Партизан се израдува што соиграч промаши тројка за продолжение (ВИДЕО)

Постапката на еден од најреномираните кошаркари на Партизан, Двејн Вашингтон, по синоќешниот дуел со Фенербахче (78-81) во Истанбул предизвика реакции и неверување кај навивачите на белградскиот клуб, поради чудниот момент во самата завршница на мечот.

Во последниот напад на Партизан, Карлик Џонс не успеа да погоди тројка која ќе значеше продолжение. Додека играчите и публиката на Фенербахче славеа, камерите уловија изненадувачка сцена – Вашингтон со стегната тупаница реагираше како да се радува, оставајќи впечаток дека слави погодок на својот соиграч.

Што точно помислил во тој момент останува непознато – дали верувал дека шутот завршил во кошот, дали сметал дека Џонс изнудил прекршок за три слободни фрлања или, пак, станува збор за нешто сосема трето. Како и да е, видеото брзо ги разбранува страстите меѓу навивачите на Партизан.