Брутален судир на двајца играчи на Реал, Раул Асенсио завршил в болница (ВИДЕО)

Повеќе од пет минути му се укажуваше помош синоќа на Раул Асенсио откако стоперот имаше судир со главите со својот соиграч Едуардо Камавинга.

Очигледно, шпанскиот фудбалер го извлече подебелиот крај затоа што лекарите мораа да интервенираат по што на носилки беше изнесен од теренот, а вечерта морал да биде однесен е в болница на понатамошни испитувања за да не му се влоши состојбата. Доцна во ноќта, Асенсио се огласи на социјалните мрежи и објави дека е добар.

„Благодарам за сите пораки на поддршка, беше само мерка на претпазливост. Одиме во следната рунда“, објави дефанзивецот кој сезонава често беше цел на критики на навивачите на Реал.

Многу веројатно тој нема да игра против Гетафе во следното коло од шпанското првенство, а дополнително ќе се знае кога ќе се врати во тимот.