Ван Дер Сар раскажа како завршил на интензивна нега во Хрватска

Легендарниот голман на Манчестер јунајтед, Едвин Ван Дер Сар беше гостин во подкастот на Гери Невил и зборуваше за мозочното крварење со кое се случи во 2023 година.

Холанѓанецот беше на одмор во Хрватска, а откако му се влошила здравствената состојба веднаш бил пренесен во болница.

„Сопругата и јас бевме на одмор и сè ни беше добро до последниот ден. Почнав да се чувствувам лошо во хотелот. Ме болеше вратот и главата. Ѝ кажав на сопругата да ги затвори прозорците затоа што не се чувствувам добро. Повикавме доктор и завршив во болница. Таму останав три месеци, а потоа дадов отказ во Ајакс. Тоа беше голем чекор за мене. Заклучив дека не можам повеќе да му помогнам на тимот“, раскажа голманот.