Хап: Го познавам новиот селектор, тој најдобро знае што треба

По пауза од две години, Итан Хап се враќа во македонската репрезентација и ќе биде на располагање за претстојните дуели против Луксембург и Азербејџан, во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година.

Американецот со македонски пасош долго време се мачеше со повреди поради што и не им беше на располагање на претходните селектори, но Берокал ќе го има за следните натпревари. Хап го познава новиот предводник на националниот тим од шпанското првенство и знае што може тој.

„Прекрасно е што сум повторно дел од репрезентацијата. Се уште има некои од соиграчите од претходниот пат, со кои бев во тимот, а и новите се многу пријателски расположени кон мене и многу отворени. Сметам дека имаме навистина добри таленти во овој тим.

Селекторот е нов, знам за него и тој знае за мене. И досега имплементираше неколку добри работи и стратегии за играта. Кога станува збор за Луксембург и Азербејџан, мислам дека тренерот најдобро знае што треба, а ние треба само да ги следиме неговите упаства. Тимовите се тие со кои играме, веројатно и ќе се променат и ќе го сменат стилот. Но сега е многу поважно да се подобриме фокусирајќи се на тоа како сакаме да играме и потоа за играта, да знаеме дека сме спремни да дадеме 100% од себе“, рече Хап пред утрешниот меч.

Се очекува тој да биде ударна сила на македонската репрезентација, заедно со Андреј Јакимовски кој игра во Тренто.