Силекс го декласира Детонит и обезбеди полуфинале во Купот (ВИДЕО)

Фудбалерите ан Силекс триумфираа против Детонит Плачковица со 3-0 во четвртфиналето на Купот на Македонија.

Силекс доминираше од почетокот на натпреварот, а првиот гол беше дело на Додев во 30. минута од натпреварот.

Екипата од Кратово ја контролираше играта и во второто полувреме, додека Детонит не успеваше да најде начин како да го загрози голот ан ривалот.

По 63 минути игра Ангелески погоди за 2-0, додека Пиреш во продолжение го постигна третиот погодок за конечни 3-0.

Силекс во полуфиналето на Купот ќе се соочи против Охрид.

Фото: ФК Силекс